За нас

РЕСТОРАН КСАНТИКА

Ресторан Ксантика е нов, модерен и луксузен комплекс за свадби и свечености од 1100 м2 кој се состои од две целини, сала за свечености специјално дизајнирана за летни и зимски свадби (површина од 500 м2 и капацитет од 350 гости) и летна бавча под отворено небо (1000 m2 и 500 гости). Доколку преферирате поинтимна забава, салата располага со галерии со капацитет од 120 гости. Салата за свечености е опремена по светски стандарди, со подно греење, со најсовремена опрема за светлосни ефекти и озвучување, ѕидови од тврда градба погодни за најразлични можности за украсување и аранжман, како и голем подиум за играње без внатрешни столбови и прегради.

Оваа комбинација на капацитети и можност за флексибилност овозможуваат брзина и прилагодливост на прославите во зависност од временските услови непосредно пред почетокот на прославата.

Дополнително, нудиме капацитети за хотелско сместување на гостите и лукзузен апартман за младенците. Во склоп на комплексот е обезбеден и паркинг простор кој е под постојан надзор од портир. Независно дали станува збор за свадба, деловна или приватна прослава, Ве покануваме да не контактирате и да закажете консултација, да се запознаете со просторот и со нашиот тим, а со тоа и заеднички да креираме понуда по ваша желба. Со амбиентот на ресторанот и широкиот спектар на ексклузивни јадења и предјадења, со целиот наш тим Ви гарантираме беспрекорно организирана прослава и уживање за Вас и Вашите гости.

Светлосни ефекти

Озвучување

Веб страна

Украсување и декорации

Хостеси за прием

Прилагодливост на прославите

Подно греење

Хотелско сместување

Значење

КСАНТИКА

Ксантика е старомакедонско празнување на пролетта, љубовта и природата, кое според митологијата го добило своето име од божицата Ксантија. Ксантија била божица на цвеќињата, љубовта и убавината во земјата на богот Македон. Симбол на празникот била црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец, каде што белата боја ја симболизирала чесноста и искреноста, а црвената светлината и љубовта во животот. Црвено-белата мартинка до денес е зачувана како традиција кај нас.

Контакт

ПИШЕТЕ НИ

ул. Тест

070 333 192

info@ksantika.mk